Вчера, на 29 јули, се навршија 125 години од раѓањето на Владимир Зворикин, изумителот на телевизорот. По тој повод се одржа свечена церемонија и откривање на споменик посветен на овој пронаоѓач на територијата на паркот, веднаш покрај телевизискиот центар „Останкино“ во Москва.
Владимир Зворикин е роден во Муром во 1888 година. Првите експерименти ги направил уште во Руската Империја. За време на Граѓанската војна емигрирал во САД, каде кон крајот на 20-те години го открил катодниот монитор, уред кој се наоѓа во основата на сите телевизори сѐ до 90-те години. Зворикин има патентирано преку сто различни изуми.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче