Русија создава дигитален систем за управување со нуклеарните ракети

Министерството за одбрана започна со купување на компоненти од новиот дигитален систем за автоматизирано управување со ракетите за стратешки намени.

Министерството за одбрана започна со купување на компоненти од новиот дигитален систем за автоматизирано управување со ракетите за стратешки намени. Како што изјавија за Известија од Министерството за одбрана на Русија, проектот под шифра „Проглас“ се создава за да може успешно да се пробие американскиот систем за противракетна одбрана и се разликува од досегашните системи со тоа што има нов систем за пренасочување на ракетите после лансирањето.

Изворот објасни дека на новиот систем ќе се приклучат само современите ракети со дигитално управување „Топољ-М“ и „Јарс“. Старите советски ракети и понатаму ќе функционираат на стариот начин. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња