Потпретседателот на владата на Русија, Дмитриј Рогозин, изјави дека поранешниот соработник на ЦИА, Едвард Сноуден со своите разоткривања во западните медиуми не открил ништо ново за Русија.
„Го разоткри само она што веќе го знаевме, што веќе беше познато“, констатираше потпретседателот на владата, а пренесува весникот „Известија“.
Рогозин истакна дека тајните можат да се појават во јавноста и на други начини, а не само преку отворени мрежи. Постои опасност од примена на увозна опрема во воените фабрики. Потпретседателот на владата како пример за тоа го наведе купувањето на уреди кои се опремени со увозен софтвер. Рогозин изјави дека поради тој деликатен момент, руското оружје ќе се произведува исклучително со помош на руска опрема. Притоа, тој нагласи дека рускиот систем за контрола е организиран на тој начин, што појавување на „руски Сноуден“ е невозможно.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче