Приливот на странци кои во Русија доаѓаат на привремена работа е зголемен за 10%

Федералната миграциска служба (ФМС) во Русија ги објави најновите статистички податоци кои укажуваат на раст на приливот на странски државјани кои во Русија доаѓаат на привремена работа, пренесува агенцијата „Росбалт“.

Според официјалните податоци, во првата половина на оваа година во Русија дошле преку 11,3 милиони странци, што е за 9,9% повеќе отколку во истиот период минатата година. Притоа, 79,5% од вкупниот број регистрирани странци од страна на миграциските служби се државјани на Узбекистан, Таџикистан и Украина.

Меѓу регионите на Руската Федерација, според бројот на доселеници предничи Московската област, каде за првите шест месеци од оваа година дошле 1,9 милиони странци. се наведува дека тие најчесто се вработуваат во градежништвото, во секторите за услуги и трговија, производство и преработка. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.