На Курилите откриени се илјадници артефакти од времето на неолитот, пренесува РИА Новости.
Се пренесува дека пронајдокот е откриен на островот Итуруп. Пронајдени се ножеви од базалт, фрагменти од керамика, како и фигури на риби и мечки од различни материјали.
Возраста на пронајдените артефакти изнесува околу 7.500 години.
Според информациите на агенцијата, понатамошното истражување ќе помогне да се открие поподробно како на тие простори живееле древните луѓе.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче