FT: ако Украина ги игнорира зборовите на Путин, ја чека трговска војна со Русија

Претседателот на Русија, Владимир Путин замина од Украина во неделата, но украинските лидери брзо спомнаа што ќе се случи, ако тие ги игнорираат неговите зборови - нова трговска војна, се кажува во статија на The Financial Times.

Како што претходно беше соопштено, Путин изјави дека конкурентните предности на украинската економија можат да дојдат на преден план само доколку Украина економски се обедини со Русија. „Само обединувајќи се меѓусебно, ние ќе можеме да бидеме конкурентни и да победиме во оваа силна конкурентска борба“, изјави Путин на конференцијата во Украина.

Во Украина зборовите на Путин и дејствата на руските регулатори се гледаат како „геополитичка саботажа“, смета авторот на статијата.

Освен тоа, според авторот, балансирањето на украинскиот претседател Јанукович помеѓу Исток и Запад станува сѐ потешко.

Како што додава The Christian Science Monitor, присоединувањето на Украина кон Царинската унија ќе стане уште еден чекор кон зацврстувањето на Украина во економските и политичките унии на поранешните советски републики на чело со Русија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.