Експерт: Путин даде многу поводи за да се откаже посетата на Обама во Русија

Претседателот на Русија, Владимир Путин даде многу поводи за да се откаже посетата на американскиот лидер Барак Обама во Русија, се кажува во забелешката на поранешниот соработник во администрацијата на Џорџ Буш, Дејвид Мајерс за CNN.

Претседателот на Русија, Владимир Путин даде многу поводи за да се откаже посетата на американскиот лидер Барак Обама во Русија, се кажува во забелешката на поранешниот соработник во администрацијата на Џорџ Буш, Дејвид Мајерс за CNN. Веќе доста години, според мислењето на експертот, шефот на руската држава „води агресивна политика“ врз слободата и демократијата во Русија.

Како пример авторот ги наведува дејствата на Кремљ во однос на опозицијата прифаќањето на законот за забрана на пропагандата на хомосексуализмот меѓу малолетниците, засилување на системот „каде богатите можат буквално неказнето да дејствуваат“, а исто и помошта на Москва за сирискиот претседател Асад.

Некои сметаат дека во оваа ситуација Обама практично не може ништо да направи за да го измени „однесувањето на Путин“, се кажува во статијата.

Мајерс смета дека САД како слободна и демократска земја „морално е обврзана“ да му се спротивстави на Путин. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња