Државната Дума сака казни за бавните возачи

Во Државната Дума предложија да се воведат казни за бавните возачи кои не сакаат да ги пропуштаат другите учесници во сообраќајот.

Во Државната Дума предложија да се воведат казни за бавните возачи кои не сакаат да ги пропуштаат другите учесници во сообраќајот.

Како што пишува ИТАР-ТАСС, новиот нацрт-закон кој е внесен во Државната Дума е предложен од Либерално-демократската партија на Русија. Според мислењето на поддржувачите, парично ќе мораат да се казнат возачите кои не возат побрзо од 30 км/ч вон населбите. Парламентарците сметаат дека на тој начин возачите го загрозуваат и попречуваат сообраќајот.

Парламентарците предвидуваат парична казна за таквите прекршоци од 1.500 до 2.500 денари. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња