САД бара Русија да го напушти Приднестровје

Конгресот на САД ја поддржа декларацијата на парламентот на Молдавија која беше усвоена на 26 јуни.

Конгресот на САД ја поддржа декларацијата на парламентот на Молдавија која беше усвоена на 26 јуни. Во неа се регулира молдавско-приднестровското прашање. Како што е соопштено на прес-службата во Министерството за надворешни работи на Молдавија, иницијативата за усвојување на заедничката декларација на Конгресот на САД припаѓа на конгресменот Џозеф Питсу, претседател на политичката група за поддршка на Молдавија.

Кон декларацијата се приклучија и претставниците на Републиканската и Демократската партија на САД.

„Фактот дека претставниците на двете политичките партии во Конгресот на САД ја поддржаа оваа декларација ја потврдува поддршката на ова законодавно тело на САД и напорите на сегашната власт за регулирање на приднестровскиот конфликт, како и европската интеграција на Република Молдација“, соопштено е во молдавското министерство за надворешни работи.

За разлика од декларацијата на молдавскиот парламент, во документот кој го усвои Конгресот на САД има и осуда за законот за државната граница кој е усвоен од властите на Приднестровје, како и барање за повлекување на руските трупи и вооружување од Приднестровје „врз основа на истанбулските обврски од 1999 година донесени на состанокот на ОБСЕ“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња