Популарноста на Путин во Египет нагло расте

Во деновите на политички судир меѓу исламистите и поддржувачите на војската во Египет, популарноста на претседателот на Русија меѓу населението на земјата на пирамидите нагло расте.

Во деновите на политички судир меѓу исламистите и поддржувачите на војската во Египет, популарноста на претседателот на Русија меѓу населението на земјата на пирамидите нагло расте. На улиците и плоштадите на египетските градови, на кои се собраа досега околу 30 милиони луѓе, често можат да се видат портрети на рускиот лидер.

Огромен постер со сликата на Путин во униформа на Воената морнарица на Русија и натпис на арапски јазик „Bye-Bye, Америко!“ се појави во северниот главен град Александрија, пренесува ИТАР-ТАСС. Уште еден сличен плакат е истакнат и во египетското летувалиште Хургада. На него се наоѓа натпис на руски јазик кој гласи „Во борбата против тероризмот неопходно е народот да даде овластување на војската да се бори против насилството и тероризмот“.

Истовремено, во египетските медиуми и на социјалните мрежи активно се дискутира за тоа како Москва најверојатно му понудила на Каиро системи С-300 и современи ловци МиГ, веднаш откако САД ја блокираа испораката на ловците Ф-16. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња