Еден од основачите на компанијата „Јандекс“, Илја Сегалович, почина во лондонската клиника на 27 јули, веднаш откако беше исклучен од апаратите за одржување во живот. Британските лекари не можеле да го спасат животот на Сегалович, кој имаше дијагностициран тумор на мозокот. Според зборовите на генералниот директор на компанијата, Аркадиј Волож, ноќта на 25 јули Сегалович доживеал мозочна смрт, па го приклучија на апарати за вештачко одржување во живот.
„Вчера сите надежи беа изгубени. Дури и такво силно тело какво што имаше Илјуша не издржа. Се појавија фатални промени во крвната слика. Му требаше шанса да замине достоинствено“, напиша Волож на својот блог, а пренесува РБК.
Сегалович и Волож во 1995 година адаптираа програма за пребарување информации на тврдиот диск, а од неа се појави програма за пребарување низ Интернет. Сегалович го осмисли името „Јанкдес“, спојувајќи ги англиските зборови Yet Another iNDEXer. Сегалович во компанијата „Јандекс“ беше на чело на дирекцијата за технологија и развој.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче