Вкупниот обем на средства за модернизација на Транссибирската железница и Бајкалско-амурската магистрала изнесува околу 13 милијарди евра, а работите треба да се завршат до 2018 година, извести министерот за сообраќај на Руската Федерација, Максим Соколов.
„Направена е темелна анализа, одредена е оптималната варијанта за реализација на проектот во износ од 13 милијарди евра, со што ќе се осигура зголемувањето на капацитетот за превоз на стоки по руските железници за 55 милиони тони годишно“, изјави за новинарите Соколов.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче