Кај рускиот град Ростов падна авион Ан-2

Во авионот имало само еден пилот кој нема повреди.

Во градот Шахта во Ростовската област при полетувањето доживеа несреќа авионот Ан-2. Ова го пренесува „Интерфакс“, повикувајќи се на извор во службите за вонредни ситуации во регионот.

„Несреќата се случи околу 7:30 часот по московско време. Авионот Ан-2 полета од аеродромот на фабриката за сервисирање на авиони. Полетувањето не било усогласено и дозволено. Не успевајќи да добие доволно брзина, авионот падна на земјата и се сруши“, изјави претставник на службите.

Во авионот имало само еден пилот кој нема повреди. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња