Во Краснојарск откриена праисториска населба од палеолитот

За време на изградбата на мост преку сибирската река Енисеј, археолозите во Краснојарск открија праисториска населба од палеолитот.

За време на изградбата на мост преку сибирската река Енисеј, археолозите во Краснојарск открија праисториска населба од палеолитот. На истото место се наоѓа и населба од раната железна доба, што потврдуваат деловите од садови од рачна изработка кои се пронајдени во локалитетот.

Археолошките истражувања на местото за изведување на градежни работи започнаа уште минатата година, кога научниците на длабочина од 4-5 метри утврдија постоење на таканаречен културен слој. Според најдените коски од животни, од кои некои се обработени со камени орудија, пронајдени се и артефакти од значително подоцнежни периоди.

Идниот мост се потпира на Афонтова гора, познат објект на културно наследство. Овде генерации руски и странски археолози постепено откриваа цел комплекс населби на праисториски луѓе, почнувајќи од времето на палеолитот. Археолошкото наоѓалиште Афонтова гора се спомнува во сите западни учебници по археологија и антропологија.

Бидејќи реката Енисеј овде е најтесна, таа била место за постојана миграција на животни. Луѓето за својата населба ја одбрале јужната, изложена на сонце падина на планината и овде живееле во текот на најмалку 30 илјади години.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.