Протести во Москва - се бара оставка на Владата

Комунистите во центарот на Москва бараат оставка на владата.

КПРФ (Комунистичка партија на Руската Федерација) одржува митинг на плоштадот Револуција во центарот на Москва со барање државната влада да поднесе оставка.

„Мислам дека никој не се сомнева во тоа дека владата што побргу треба да поднесе оставка. Деструктивното водење на политиката кое се одразува на економијата, финансискиот сектор, образованието, науката, влегувањето на Русија во WTO, многубројните обврски кои се наметнуваат на регионите а кои не се осигурани со пари, штетата која нашата влада ја нанесе на одбранбената способност на нашата држава, нејзината неспособност да се пресмета со корупцијата; сето ова оди во прилог на горенаведеното тврдење“, изјави на митингот заменик претседателот на КПРФ – Иван Мелников.

Лидерот на КПРФ, Генадиј Зјуганов истакна дека „не се работи само за оставка на владата, туку и за нова насока, нова екипа, нови идеи, кои се способни да ја извлечат нашата држава“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.