Косовските Срби му испратија писмо на Путин

Се бара реакција од Путин да се спаси Косово.

Пред почетокот на денешната прослава во Киев, посветена на 1025 годишнината од крштевањето на Русија, на која присуствуваа претставници од четири православни држави – Русија, Украина, Молдавија и Србија – еден од водачите на српското население од Косово упати писмо до Владимир Путин, барајќи од него да влијае на претседателот на Србија, Томислав Николич.

По потпишувањето на Бриселскиот договор во април, помеѓу српското и косовското раководство, Белград се осврна кон признавање на Косово и одби да проба да го задржи северниот дел со српско население. Сега српските власти вршат притисок врз косовските Срби, приморувајќи ги да излезат на локалните избори во Косово во есен.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња