Во нова Москва ќе биде направен некласичен тематски парк кој ќе биде посветен на реконструкција на историски настани. Тој треба да биде готов до 2018, известува РИА Новости повикувајќи се на прес службата на одделот за равој на нови подрачја во Москва.
Претходно властите изјавија дека паркот ќе се наоѓа на подрачјето на Рјазанската населба од Новомосковскиот округ.
Токму овде ќе се одржуваат претстави за народот, вклучувајќи фестивали, инсталации, реконструкции на историски битки. „За нешто помалку од месец дена во Рјазанската населба, околу 10 илјади луѓе ќе бидат сведоци на фестивалот „Стрелачка слобода“. Фестивалот ќе биде посветен на завршувањето на матното време во Русија“, рече раководителот на одделот Владимир Жидкин.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче