Адвокатот Анатолиј Кучерен, кој го посетил Едвард Сноуден во транзитната зона на аеродромот „Шереметјево“, изјавил дека му однел кошула и пица, како и роман од Достоевски „Злосторство и казна“ и еден том од Чеховите дела.
„Сноуден се благодарил на сите кои му се јавуваат, му нудат помош и работи. Ситуацијата е нормална, му купив неколку кошули. И расположението му е добро“, рекол Кучерен. „Му донесов пица, и со задоволство је изедовме“, додаде тој.
Кучерен исто така изјавил дека Сноуден почнал да учи руски и дека на збогување веќе можел да му каже: „Ќе ти се јавам“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче