Русија го создава најмоќниот извор на магнетно поле

Русија конструира најмоќен уред за генерирање на магнетно поле со индукција од 100 тесли.

Научници од институтот за физика при Руската академија на науки и Технолошкиот институт од Масачусетс разработија проект за најмоќен уред за генерирање на магнетно поле со индукција од 100 тесли. Овој инструмент за особено силно магнетно поле научниците го нарекуваат инструмент за добивање Нобелова награда. Повеќе од десет лауреати добитници на најпрестижните награди, своите откритија ги направиле врз основа на експерименти изведени во исклучително силни магетни полиња. Помеѓу „магнетните“ нобеловци се наоѓаат и руските научници Виталиј Гинзбург и Алексеј Абрикосов кои во 2003 година беа наградени за истражување во областа на суперспроводливоста.

Денес постојат само три уреди со постојано поле со идукција 35-40 тесли во светот: во Талахаси (САД), Греноблеу (Франција) и Нијмеген (Холандија). Русија засега заостанува, најсилното магнетно поле со индукција 21 тесли работи во институтот за физика П.Н. Лебедев при Руската академија за науки.

„За да се створи нова материја, а не само да се усовршува веќе позната, треба да се „копа“ длабоко, да се стигне до јадрото и електронот“, објаснува докторот по физика и математика, раководител на одделот за суперспроводливост и наноструктура, Владимир Пудалов. „Тоа би бил идеалниот инструмент, со исклучително силно магнетно поле“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.