Кучињата сепак разликуваат бои

Руските научници докажале дека кучињата разликуваат бои.

Руските научници измислиле експеримент кој докажал дека кучињата се во состојба да разликваат бои па дури и различни нијанси.

Тимот на истраживачи од Лабораторијата за сензорна обработка на информации при Руската академија на науки спровела експеримент во кој биле вклучени осум кучиња од различни раси. Истражувачите поставиле садови со храна во одвоени кутии а над нив закачиле листови хартија со одредени бои: темно-жолта, темно-плава, светло-жолта и светло-плава. Темните и светлите нијанси биле користени за проверка на теоријата која вели дека кучињата разликуваат предмети само во однос на тоа дали се светли или темни.

Над садот во кој било сировото месо висел темно-жолт лист. После три обиди кучињата научиле да ја поврзуваат темно-жолтата боја со месото и веќе точно знаеле кој сад да го одберат. Потоа им било понудено да бираат помеѓу светло-жолта и светло-плава боја за да се види дали се раководат по боја или по тоа колку нијансата е светла. На крајот кучињата сепак одбрале светложолта хартија што укажува на тоа дека тие пред се реагираат на боја.
Спроред зборовите на научниците, кучињата разликуваат дали објектот е светол или темен, но во услови на природно осветлување повеќе обрнуваат внимание на бојата.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња