Американските хомосексуалци не сакаат да пијат руска вотка

Хомосексуалците во Америка повикуваат за бојкот на руската вотка.

Американската ЛГБТ организација „Queer Nation“ објави оглас во кој ги повикува своите поддржувачи и сите кои имаат разбирање за сексуалните малцинства да ја бојкотираат руската вотка. Ваквиот чекор претставува одговор на притворањето на холандските геј-активисти во Мурманската област поради сомнеж дека пропагираат хомосексуализам помеѓу малолетниците, пренесува РБК.

„Во поглед на неодамнешните напади од страна на Путиновиот режим на ЛГБТ заедницата ‘Queer Nation’ повикува на бојкот на руската вотка ширум светот – брендови како што се ‘Russian Standard’ (‘Русский стандарт’) и ‘Stolichnaya’ (‘Столичная’).

Време е да и се одговори на Русија, се наведува во соопштението на организацијата „Queer Nation“.

Руските геј-активисти се благодарни на своите браќа преку океанот, но сметаат дека овие приватни произведувачи на вотка не треба да трпат поради самоволието на власта.

Бојкотот на руските брендови вотка од страна на американската ЛГБТ заедница може да биде голем проблем за производителите и продавачите на вотка во САД. Како што покажуваат истражувањата на научниците од Универзитетот Сан Хозе, хомосексуалците воопшто пијат вотка повеќе и почесто отколку традиционално ориентираните. Со оглед дека вотката во САД отсекогаш била популарна помеѓу хомосексуалците, произведувачите тоа го користат за да го прошират своето присуство на американскиот пазар.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.