Владата на РФ формира специјален совет за популаризација на рускиот јазик во странство

Конкретни мерки за ширење на рускиот јазик низ светот.

До крајот на летото ќе биде формиран спрецијален совет за руски јазик при владата на РФ, чија задача ќе биде популаризација на рускиот јазик и култура не само во земјите од регионот туку и ширум светот. На чело на ова ново координациско тело ќе биде потпретседателот на владата, Олга Голодец, пренесува весникот „Известија“.

Советот ќе го сочинуваат претставници на Државното Собрание, Министерството за надворешни работи, Министерството за образование, Министерството за култура, федералната агенција за меѓународна соработка „Россотрудничество“, научни, образовни и уметнички институции, како и работни организации. Решението за формирање на новиот совет наскоро ќе биде потпишано од премиерот Дмитриј Медведев.

Една од најважните задачи на советот ќе биде формирање мрежа на центарот „Институт Пушкин“ во земјите од ЗНД, поголем дел од државите во Европска Унија, САД, Кина, Јапонија и земјите од Блискиот Исток, вклучувајќи ги и Сирија и Ирак. Така сите кои сакаат ќе можат да го изучуваат рускиот јазик и да ја запознаат руската традиција и култура.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња