САД официјално ја моли Русија да го испорача Едвард Сноуден

Ќе ги послуша ли Русија молбите на САД.

Вашингтон испрати официјална молба до Москва, да го испратат дома поранешниот соработник на американските тајни служби, пренесува Kommersant.

Според информациите од извор близок на Белата Куќа, Русија и САД секојдневно го разгледуваат случајот „ Сноуден“.

Претседателот на комитетот за меѓународни односи на американскиот сенат, Роберт Менендез, изјави дека доколку му се пружи азил на Сноуден во РФ или било која друга држава, тоа ќе доведе до закана за сигурноста на САД.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња