Руски граѓани осудени за хакерски напад во САД

Руски хакери во САД.

Во четвртокот 25 јули, во американскиот град Newark, во New Jersey, се одржа седница на судот во која беа обвинети четири руски и еден украински граѓанин.

Обвинетите се обвинети за организација на досега најголемиот хакерски напад во САД, со помош на кој во текот на 7 години влегувале во базата на податоци на американските меѓународни корпорации и банки, на тој начин добивајќи пристап до доверливи информации за граѓаните.

Според обвинителството, од 2005 до 2012 година, русите Владимир Дринкман, Александар Калинин, Роман Котов, Дмитриј Смилјанев и украинецот Михаил Ритиков, во компјутерските системи поставувале шпионски програм кој постепено влечел доверливи информации од системите. Во извештајот стои дека во текот на 7 години успеале да украдат броеви и податоци на 160 милиони кредитни картички кои биле успешно препродавани на купувачи во различни држави.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња