Ќе стане ли рубљата светска валута?

Кина и Русија ќе му ја одземат титулата главна валута на доларот.

Кина и РФ со здружени сили ќе ја остваруваат целта за одземање на титулата за светска резервна валута на доларот, тврди Рус Винтер, американски трговец со 40 годишно искуство.

Тој нагласи дека Народната банка на Кина уште во 2009 соопштила дека доминацијата на една валута во светот доведува до голем ризик за ширење на криза. Властите а РФ веќе предложија рубљата да биде резервна валута.

Сега овие две економии во развој се спремаат заедно да ги остварат плановите за зајакнување на рубљата и јуанот, тврди Винтер. Според неговото мислење, САД, со нивото на државниот долг кој изнесува скоро 110% од БДП, нема да може да одговори на овој предизвик.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња