Америка бара да и се врати Сноуден

Ќе им го врати ли Русија?

Америка не бара испорачување, туку враќање на поранешниот службеник на ЦИА Едвард Сноуден во Америка, напиша на својот Твитер профил американскиот амбасадор во РФ Мајкл Мекфол.

Обвинет за објавување на информации од специјалните служби на САД, Сноуден побара азил од руските власти. Тој повеќе од месец дена се наоѓа во транзитната зона на московскиот аеродром Шереметјево со поништен американски пасош.

Во меѓувреме, претставникот на Одборот за меѓусебни односи на американскиот Конгрес, Роберт Менендес изјави дека Сноуден сеуште располага со тајна документација и дека тоа претставува закана за американската безбедност.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња