„Злосторство и казна“ наместо слобода за Сноуден

Сагата на Сноуден продолжува.

Членот на парламентот, адвокатот Анатолиј Кучерен, кој денес дојде на аеродромот Шереметјево кај Едвард Сноуден, на поранешниот соработник на ЦИА му донесе ремек дела од руските писатели Фјодор Михаилович Достоевски и Антон Павлович Чехов.

„На Сноуден му го донесов романот „Злосторство и казна“ од Достоевски, тоа е светска класика, мислам дека ќе му биде интересен. За десерт му го донесов Чехов“, рече Кучерен.

Сноуден сеуште не го доби документот од Федералната миграциоа служба кој ќе му овозможи напуштање на транзитната зона на московскиот аеродром

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња