Во храмот на Христос Спасител во Москва се одрѓа богослужба во која беа вклучени претставници од сите православни цркви во светот. На тој начин почна големата прослава на 1025 годишнината од примањето на христијанството во Русија.
Богослужбата, освен патријархот на Москва и цела Русија, Кирил, ја вршеа и осум поглавари на автокефалните православни цркви. Молитвите се читаа на различни светски јазици, а патријарсите ќе ја водат службата по редослед на историско првенство. Илјадници верници се собраа во храмот на Христос Спасител, каде овие денови се наоѓа крстот на апостол Андреј Првоповикан.
Рускиот претседател Владимир Путин на 25 јули во Големиот Кремљски дворец ќе се состане со патријархот Кирил и претставниците од сите 15 православни цркви во светот.
„Тоа е доказ за признавање на придонесот на руската држава и Руската православна црква кон развојот на современата цивилизација и зачувување на духовните темели“ – се вели во соопштението.
За време на состанокот ќе биде разгледана меѓуверската тема и актуелните меѓународни прашања.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче