Три руски вакцини против туберкулоза, ХИВ и рак од нова генерација се наоѓаат во фаза на претклинички испитувања, објави во вторникот раководителот на Федералната медицинско-биолошка агенција на Русија Владимир Ујба.
„Веќе правиме претклинички испитувања. Што се однесува до вакцината за ХИВ, веќе сме во втората фаза на претклинички испитувања. Многу е голема веројатноста дека оваа вакцина ќе дојде до фаза на клинички испитувања и дека ќе има голема ефикасност“, рече Ујба на прес-конференцијата, додавајќи дека се работи за превентивни мерки за ХИВ инфекцијата, а не лечење на заболените. „Тоа е вакцина на новата генерација“, истакна раководителот на ФМБА.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче