Путин потпиша закон за навивачите

И Русија става ред со хулиганите на спортските натпревари.

Претседателот на Русија, Владимир Путин, потпиша закон кој предвидува казни, принудна работа и забрана за посетување натпревари до 3 години, за прекршувачите на правилата за однесување за време на спортските натпревари.

За особено агресивни навивачи е предвидена и казна до 15 дена затвор и забрана за посетување на натпревари до 7 години. За прекршување на овие забрани навивачот може да биде казнет и парично со сума до 25 000 рубљи и затвор.

„Црните списоци“ на нарушувачи ќе се наоѓа кај спортската федерација и полицијата

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.