Министерот Шојгу бара уште муниција

Шојгу предлага повеќекратно зголемување на употребата на муниција за време на вежбите.

Министерот за одбрана на РФ Сергеј Шојгу, на состанокот со Владимир Путин предложи повеќекратно да се зголемат нормите на потрошена муниција за време на вежбите.

„Бевте присутни за време на две големи фази: во Јужносахалинска и кај Чита каде имавме вежби од големи размери и обративте внимание на тоа дека сите наши единици не гаѓаат сосем професионално. Причина за тоа не е недостатокот од желба за усовршување, туку многу ниските норми за потрошувачка на муниција за време на вежбите“, рече Шојгу, поднесувајќи му извештај на претседателот на РФ за првите заклучоци од изненадната проверка на борбената подготвеност во Источниот воен округ, пренесува РИА „Новости“.

Рускиот министер за одбрана како пример ги наведе тенкистите чија норма е под дваесет проектили по вежба.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња