Русија се обидува да ја убеди сириската опозиција да учествува на конференцијата

Русија се обидува да придонесе во разрешување на сириската криза.

Москва продолжува да вложува напори за да ја убеди опозицијата во Сирија да ја прифати иницијативата за свикување на меѓународна конференција и да учествуваат во неа – изјави министерот за надворешни работи на РФ, Сергеј Лавров, пренесува РИА „Новости“.

„Ние и понатаму ја повикуваме опозиционата сила во Сирија да ја прифатат руско-американската иницијатива и да учествуваат во меѓународната конференција на 30 јули“, истакна Лавров при разговорот со сирискиот вицепремиер Кадри Џемил во Москва.

Лавров го потврди ставот на Русија дека е невозможно да се постигне мир во Сирија по воен пат. Според неговите зборови, Русија сака оваа идеја да биде прифатена од сите страни. Рускиот министер додаде дека, за жал, поединечните сириски опозициски групи, вклучувајќи ја и Сириската коалиција на опозициони и револуционерни сили, не покажуваат интерес за меѓународна конференција.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.