Путин и го честиташе на Елизабета II раѓањето на правнукот

Раѓањето на кралското бебе го честиташе и Путин.

Претседателот Владимир Путин и го честиташе раѓањето на правнукот на кралицата на Велика Британија, Елизабета II, соопшти прес службата на Кремљ.

„Претседателот на Руската федерација го честиташе раѓањето на правнукот на Кралицата на Обединетото кралство на Велика Британија и Северна Ирска, и посака добро здравје на новороденчето, војвотката од Кембриџ и сите членови на кралското семејство“, се вели во соопштението.

Војводата и војвотката од Кембриџ, Вилијам и Кејт во понеделникот добија син кој е трети по ред за британскиот престол.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.