Сноуден побара членство во синдикатот на руското обезбедување

Нови моменти во случајот Сноуден.

Рускиот синдикат на вработените и ветераните на органот за спроведување на законот и безбедносните структури доби писмо од Едвард Сноуден, со молба да биде примен во нивната организација и да му биде обезбедена заштита. Писмото стигна по електронски пат, на адресата на сајтот на синдикатот.

Синдикатот одлучи да го поддржи овој бивши странски колега и преку адвокат му прати соопштение на Сноуден за спремноста на руските колеги да му ја пружат потребната помош.

Адвокатот на Сноуден, Анатолиј Кучерен изјави дека ваквата информација не е точна и дека Сноуден не испратил никакво барање до Синдикатот.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња