Сирија ги започна разговорите со Русија за кредит, изјави подпретседателот на сириската влада Кадри Џамил, кој се наоѓа во официјална посета на Москва. Според неговите зборови, прашањето за кредитот е веќе разгледано со министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров.
Џамил додаде дека Дамаск се надева да добие кредит до крајот на годината. Тој одби да каже под кои услови Сирија сака да земе кредит и колкав износ.
Во Сирија веќе се зборуваше за можното добивање на средствата од Русија. Првите информации за ова се појавија во 2012 година. Меѓутоа, Дамаск до денес нема добиено средства од Москва.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче