Русија планира да стане лидер во областа на квантната технологија

Руската наука се пробива во светот.

Русија е заинтересирана за развој на фундаменталните науки и планира да стане лидер во квантна механика и квантна технологија. Ова го изјави министерот за образование и наука Дмитриј Ливанов, пренесува ИТАР-ТАСС.

По негово мислење, во земјата постојат сите услови за тоа – има добри училишта за физичари, универзитети. „Не може да се порекне фактот дека руската наука во последните 20 години изгуби многу и затоа сега мораме да ги вратиме талентираните кадри во неа, да створиме нови механизми на финансирање, да го покачиме нивото на општа образованост во државата“, смета министерот.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња