Путин: Мајка ми ме крстила скришно од татко ми

Путин „се исповеда“ за својот однос кон Црквата.

Во документарниот филм „Второто крштевање на Русите“ кој беше прикажан во понеделникот на телевизискиот канал Русија, претседателот Владимир Путин изјави дека во детството мајка му го крстила скришно од татко му, кој бил член на Комунистичката партија.

Путин исто така изјави дела враќањето на русите кон православната вера се случило природно, без форсирање од страна на државата и црквата. На тој начин, по зборовите на претседателот, се исполнил вакуумот кој кај граѓаните останал по распадот на СССР. Според зборовите на Путин, овој простор било можно да се пополни само со вредностите од верски карактер

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.