Патријархот на Москва и цела Русија, Кирил, смета дека истополните заедници кои се склучуваат во западните земји навестуваат крај на светот.
„Во последно време се соочуваме со големи искушенија. Во некои држави определувањето за грев е одобрено и оправдано со закон, а се угнетуваат оние кои со чиста свест се борат против овој закон кој го наметна малцинството. Ова е многу опасен знак за апокалипса“, рече патријархот во обраќањето на верниците.
„Секаде каде што во услови на слобода се избира грев – таму е смрт, терор и диктатура“, заклучува рускиот патријарх, нагласувајќи дека треба да се довериме во закрила на Пресвета Богородица и да се молиме пред нејзината икона за судбината на земјата како не би преовладало „ропство на гревот“ кое доведува до самоуништување на народот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче