Михалков: „Истополните бракови и штетат на кинематографијата“

И Михалков се приружи на кампањата против истополните бракови.

Во земјите во кои се одобрени истополните бракови не може да постои здрав филм, изјави режисерот Никита Михалков.

„Во светот во кој се озаконети истополните бракови не може да постои здрав и енергетски исполнет филм. Филмот се менува, но кога тоа се случува на тој начин што одредени појави кои не се природни прераснуваат во норма, што може да се очекува од кинематографијата? “, рече Михалков, пренесува ИТАР-ТАСС.

При тоа режисерот истакна дека нема ништо против хомосексуалците. „Тоа е интимна работа на секој поединец “, рече Михалков, но сепак односот помеѓу луѓето од ист пол „ е неприроден и води кон самоистребување“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.