Македонија и официјално стана дел од Јужен Тек - договорот за вклучување на земјава беше потпишан во Москва од страна на вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, а потпис од руска страна стави министерот за енергетика на Александар Валентинович Новак. Во проектот Македонија ќе се вклучи со крак, а Газпром дополнително ќе одлучи дали тој ќе се гради од Србија или Бугарија.
„Енергетска стабилност на дол рок, доволно количини на гас и развој на гасна инфраструктура, Јужен тек има и стратешко значење но и повеќекратна корист за Македонија“, рече премиерот Груевски.
Премиерот Груевски по потпишувањето на договорот оствари средба со министерот за енергетика Новак, според кој овој договор е плод на искрените и пријателски односи меѓу Македонија и Русија.
За вицепремиерот Ставрески, пак Владата го добила овој проект, првенствено заради упорното инсистирање и работа да ја вклучи Македонија во него. Иако Македонија првично не беше предвидена да биде дел од овој проект, Владата упорно инсистираше и работеше на вклучување кон оваа гасоводна мрежа и овој проект денес стана реалност за Македонија.
„Гаспром“ и компанијата „Македонски енергетски ресурси“ ќе основаат заедничка компанија, која ќе биде со капитал 50:50 и ќе биде задолжена да го реализира проектот.
Изградбата на Јужен тек започна во декември минатата година. Планот е до 2015 година да се изгради морскиот крак под Црното море до Југоисточна Европа. Целосно треба да биде завршен до 2018-та со капацитет од 63 милијарди метри кубни годишно или 14% од вкупните потреби на Европа и претставува најголем енергетски проект во Европа.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче