Договорот помеѓу Русија и Сирија за испорака на ракетните системи С-300 останува во сила

Русија не се откажува од вооружување на Сирија.

Воените и политичките потези во соборувањето на власта во Сирија не вродија плод. Ова денес во Москва го изјави потпретседателот на сириската влада Кадри Џамил.

Тој нагласи дека Западот треба да ја сноси главната одговорност за целото страдање на народот на Сирија.

По разговорот со министерот за надворешни работи на РФ Сергеј Лавров, Кадри Џамил изјави дека сите договори помеѓу Русија и Сирија за испорака на руските ракетни системи С-300 за сириската влада остануваат во сила.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.