Сноуден сеуште е во Шереметјево

Откако претходно се спомена заминување на Сноуден од Шереметјево, информациите веднаш демантирани.

Откако првично во медиумите се прошири веста за скоро заминување на Сноуден од аердодромот Шереметјово и тоа уште денеска или утре, демант пристигна од неговиот адвокат Анатолиј Кучерена. Тој истакна дека Сноуден сеуште се наоѓа во транзитниот дел на аеродромот.

„Јас немам таква информација - изјави адвокатот за агенцијата „РИА Новости“. Подоцна за радио "Вести ФМ" Кучерена рече дека документите од Федералната миграциона служба можат да бидат готови за неколку дена.

Претходно, неговиот советник Кучерена информираше дека Сноуден доставил документи до ФМС за привремен азил. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња