Четворица Холанѓани изведени пред рускиот суд за пропагирање на хомосексуалност

Почна да се спроведува Законот.

Холандски активисти кои се обвинети за пропагирање на хомосексуалност помеѓу малолетници ќе се најдат пред судот во Мурманск.

Официјални претставници на судските власти потврдија дека процесот против четворицата холанѓани е закажан за понеделник, меѓутоа одбија да изнесуваат детали.

Активистите на холандската организација LGBT-Groningen се приведени во неделата во туристичкиот камп „Фрегата“ во кој учествуваа на културно-просветната манифестација „Младински камп за човекови права“. Тие исто така снимија и документарен филм за состојбата на човековите права во Русија.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња