Несреќа на болид на „Формула 1“

Во Москва болид удри во заштитниот ѕид.

Возачот за тимот Ferrari, Камуи Кобајаши имаше несреќа со болидот од класата „Формула-1“ на егзибиционистичките трки на Moscow City Racing.

Автомобилот се излизга на влажната стаза, Кобајаши изгуби контрола и удри во оградата.

Болидот сериозно е оштетен, ударен е предниот десен дел. Возачот не е повреден во несреќата. Поради овој инцидент привремено се прекинати трките на првенството Moscow City Racing.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња