Македонија на фестивал во Русија

На меѓународниот фестивал во Славјанск-на-Кубањ пристигнуваат уметници од Македонија.

Секоја година, традиционално во Славјанск-на-Кубањ се одржува Фестивал на Словенска култура, „Славјанск-2013“. После прекинот минатата година, заради трагичните настани во Кримск, регионот повторно собра огромен број на луѓе од цела Европа.

Своите вештини во овој мал, провинциски град ќе ги покажат словенските народи од Македонија, Чешки, Белорусија, Бугарија, Србија и други. Посетителите ќе можат да погледнат традиционални настапи, ора и песни, но и саеми, изложби и занаети.

Фестивалот се одржува од 1-4 август во Славјанск на Кубањ.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.