Обидите на Америка да изигрува судија за човекови права во целиот свет се потполно неосновани, се истакнува во коментарот на Министерството за надворешни работи на РФ по изјавата на претставничката на Стејт департментот на САД по повод годишнина од смртта на заштитниците за човекови права Наталија Естемирова и новинарот Пол Хлебников.
„Приговорите на сметка на Русија во споменатото соопштение се повторуваат од година во година, притоа не станувајќи ни малку пообјективни. Повеќе пати истакнавме дека обидите на Вашингтон да игра улога на светски судија по прашањето за почитување на човековите права се потполно неосновани, особено кога ни во САД сликата во таа област не е сјајна. Во оваа прилика повторно ќе им порачаме на американските претставници, наместо да даваат произволни оцени и да делат совети на другите, да се позаинтересираат со преиспитување и поправка на своите пропусти“ – стои во документот.
Американскиот стејт департмент по повод годишнината од смртта на Естемирова и Хлебников ги повика руските власти да ја осигураат безбедноста на новинарите и заштитниците на човековите права. „Почитувајќи го сеќавањето за Естемирова и Хлебников, ги повикуваме да се прекине злоупотребата на Северен Кавказ и другите региони од Русија кои остануваат неказнети“, се наведува во соопштението.
Наталија Естемирова беше киднапирана во Грозни на 15 јули 2009, а нејзиното тело истиот ден беше пронајдено во Ингушетија. Главниот уредник на руското издание на американскиот магазин „Форбс“, Пол Хлебников беше убиен во Москва на 9 јули 2004.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче