Во Москва се одржува Меѓународна хемиска олимпијада

На Московскиот државен универзитет во Ломоносов се одржа церемонија по повод отварање на Меѓународната хемијска олимпијада.

На Московскиот државен универзитет во Ломоносов се одржа церемонија по повод отварање на Меѓународната хемијска олимпијада, 45. по ред, натпревар на ученици во кој ќе учествуваат млади хемичари од 77 држави ширум светот. Тие ќе се натпреваруваат во решавање задачи и изведување експерименти.

Многу делегации дојдоа на отварањето во национални носии, со знамиња на своите држави и маскоти. Гостите ги поздрави ректорот на Универзитетот Виктор Садовничиј. „МГУ е домаќин на Хемиската олимпијада по трети пат, а тоа е голем настан во научниот свет. Меѓународната комуникација, која овде се воспоставува помеѓу децата и наставниците, нема да биде прекината во текот на многу години пдоцна – рече тој.

Олимпијадата трае до 24 јули.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња