Роскомнадзор (Федерална служба во областа на врски и телекомуникација) одби да даде дозвола на компанијата Skype и да ја регулира нејзината работа во Русија, известува Ведемост, повикувајќи се на писмото на заменик директорот на Роскомнадзор, Олег Иванов.
Оваа одлука ја објаснуваат со тоа што Skype не е руска компанија и нема свои канцеларии ниту претставништво на подрачјето на Русија. Освен тоа, услугата која ја овозможува Skype не влегува во пописот на комуникациски услуги кои се пропишани во 2005 година, а за која може да се добие дозвола. Затоа е невозможно да се оствари државна контрола над дејноста на Skype според рускиот закон, пишува Иванов.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче