Разговорите и гласините за банкрот на РФ се потполно неосновани бидејќи таа се наоѓа во доста завидна макроекономска позиција во однос на другите држави, РИА „Новости“ ги пренесува ставовите на претседателот на управниот одбор „Збербанка Русија“ („Сбербанк России“) Герман Греф.
Воопшто не треба да се плашиме од банкрот бидејќи јас не гледам како би можел тој да биде прогласен. Русија во поглед на макроекономската ситуација се наоѓа во една завидна позиција во однос на другите земји од светот. Нашиот државен долг е под 10% од БДП, додека во голем број од европските држави е преку 100%. Според тоа, потполно е неверојатно да дојдеме во ситуација да прогласиме банкрот“, истакна Греф.
Исто така тој додаде дека има сосем доволна резерва во трезорот на Централната банка РФ за се избориме со било каков шпекулативен напад, доколку се случи, така што курсот на рубљата во никој случај не е загрозен. Меѓутоа, Греф напомена дека во руската економија може да се почувствуваат одредени последици од кризата, што е поврзано меѓу другото и со влошувањето на економската ситуација во Кина.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче