Од почетокот на оваа година во Русија стигнале преку 10 милиони имигранти

Во последните шест месеци во Руската Федерација стигнале преку 10 милиони странци.

Во последните шест месеци во Руската Федерација стигнале преку 10 милиони странци, што е за 12% повеќе од минатата година, рече директорот на Федералната миграциона служба на Русија, Константин Ромодановски, пренесува РИА „Новости“. По негово мислење, ваквите бројки сведочат за развојот на руската економија.

Ромодановски соопшти дека во однос на 2009 година во Русија стигнале 37% повеќе емигранти. Според неговите зборови моментално во Русија постојано живеат околу 800 илјади странци, што е 10 пати помалку отколку во државите од Европската унија.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња